Бора Ѓорѓевиќ , фронтменот на Рибља Чорба е во болница . Тој на фановите им се обрати преку социјалните мрежи
Тој објави дека нема да може да го одржи концертот закажан за утре во Крагујевац. Вели дека е сериозно повреден и е хоспитализиран .
На своите обожаватели им порача дека има една добра и една лоша вест.
Лошата вест е дека го откажува концертот во Крагујевац, бидејќи се повредил и скршил ребра. Добрата вест, вели Бора, е дека кога ќе се опорави ќе го одржи концертот на кој ќе биде подобар од било кога.