Според првичните информации, се работи за вработена во Градската aдминистрација, која по укажаната помош во болница, раскажала дека ја нападнал непознат маж облечен во бело и со маска на главата. Тој ја натерал да испие солна киселина и да скокне во река.
Полицијата се уште го истражува случајот. Соседите велат дека се работи за мирно семејство и дека ниту нападнатата, ниту нејзиниот сопруг не се имале замерено ни меѓу себе ни со некој друг.
Останува сомнежот дека жената е нападната токму поради нејзината работа во оделот за инвалидска заштита.