Босанска мисица осудена на 2,5 години затвор поради соучество во убиство


Судот во Босна и Херцеговина ја осуди поранешната мисица и Плејбој зајачица , Слободанка Тошиќ (30) на 2,5 години затвор поради учество во организирана криминална група, во предметот „Кукла“, која се терети за неколку тешки убиства, обиди за убиства, и вооружен грабеж и перење на пари.

Тошиќ, поранешна Мис фотогеничност на Босна и Херцеговина е обвинета за кривично дело- злосторничко здружување од членот 383 став 2 од Кривичниот закон на Република Српска, во врска со кривично дело, тешко убиство, пренесуваат медиумите во регионот.slobodanka misica

Таа се доведува во врска со Дарко Елез, кој отслужува деветгодишна затворска казна во Белград поради убиство и грабеж.

Слободанка денес е осудена на 2,5 годишна казна затвор поради тоа што била челн на здружен злосторнички потфат и соучество во обид за убиство на Ѓорѓе Ждрале на 13 април 2006 година. На поранешната мисица во казната ќе и биде пресметано и времето поминато во притвор од 17 мај до 21 август 2015 година.

Слободанка Тошиќ како и нејзиниот бранител не се појавиле при изрекувањето на пресудата.

Од судот на БиХ соопштиле дека при изрекувањето на пресудата предвид го зеле и тоа што Слободанка за време на извршувањето на кривичните дела имала неполни 18 години и дека не била во состојба правилно да ја увиди опасноста на кривичните дела.

Според наводите на обвинението, се товари дека во 2006 година го намамила во заседа Ѓорѓе Ждрале ( кој издржува 20-годишна затворска каза поради убиство) во населбата Врањеш, каде што имало обид за негова ликвидација.

Ждрале во текот на своето сведочење во предметот „Кукла“ изјавил дека Слободанка ја запознал во затворот, каде што доаѓала да го посети својот дедо, и дека еднаш ја видел во друштво на Дарко Елез во еден локал.

Тој раскажал дека кога и да се среќавал со Слободанка, таа инсистирала на тоа во возилото да бидат затемнети стаклата. Денот кога имало обид за убиство врз Ждрале, Слободанка му испратила смс-порака да дојде по неа во Рогатица. Тој тргнал кон Лукавица, а Слободанка му кажала дека има испит и дека од својата пријателка мора да земе скрипта а ја одвезол таму. Тие се довезле до населбата Врањеш, каде врз Ждрале пукале двајца мажи.

Акцијата „Кукла“ опфатила 32 осомничени лица, кои освен убиства и обиди за убиства се осомничени и за неколку грабежи кои надминуваат 7 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1