Босанската канцеларија за ветеринарство утврдила дека зголемена концентрација на афлатоксин во пратките со млеко од Словенија, Унгарија, Германија и Србија, јавува агенцијата СРНА.
Зголеменото количество е утврдено во лабораториите откако граничните ветеринарни инспектори зеле примероци од млеко на граничните премини.
За утврдената состојба известени биле и увозниците на млеко во Босна и Херцеговина, а се уште не е соопштено кои се произведителите.
– Сите пратки кај кои е утврдено зголемена содржина на афлатоксин се наоѓаат во складишта на увозниците и се под надзор, се наведува во соопштението на босанската канцеларија за ветеринарство.
Кај нас Агенцијата за храна и ветеринарство до сега утврди зголемено присуство на канцерогениот афлатоксин во млекото Лагано јутро на хрватски Дукат.