Бошњаковски добиja условна казна за грабнувањето на внуката


Условна казна од една година доби семејството Бошњаковски, кое беше обвинето за грабнување на својата внука Александра.

sudenje aleksandraТатко на шестгодишната Александра, Стефан, дедото Александар кој е поранешен судија во Врховниот суд и бабата Снежанка се осудени на една година условна затворска казна доколку во наредните четири години не сторат кривично дело.

Скопскиот кривичен суд го укина притворот за обвинетите кои во завршните зборови ветија дека нема да го повторат делото.

Дедото и бабата на Александра пред Судот се бранеа дека делата ги сториле поради преголема љубов кон внуката.

Според Обвинителството, малата Александра и покрај правосилната судска одлука според којашто и била доделена на старателство на мајката, била грабнато од страна на семејството Бошњаковски и не ја видело својата мајка две години.

Малата Александра во моментов е со својата мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1