Божиновска: Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам


Република Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам, со оглед на фактот што токму меѓуетничките и меѓуверските состојби отсекогаш биле позитивен аргумент за нашето меѓуетничко и меѓуверско живеење. Најостро ги осудуваме организаторите на протестите кои што ги искривуваат фактите со цел да предизвикаат тензии и поделби помеѓу заедниците.

bozinovska-valentina-480x272Ова во соопштение го истакнува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.

Македонија, како што се наведува, не може да дозволи добрите меѓуетнички и меѓуверски односи да бидат разнишани со обидите на верски радикални елементи однадвор кои не и сакаат добро на Република Македонија.

Затоа, апелираме да се избегнува насилство, провокации и манипулирање со најмладите и најкревки припадници на популацијата, како и да не дозволиме да се руши имиџот на Република Македонија како земја во која судската власт е независна, а меѓуетничките и меѓуверските односи секогаш биле на високо ниво, стои во соопштението од Божиновска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1