Божиновски префрлен во затворот во Шутка


Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот е екстрадиран во Македонија, потврдиле за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката – рекоа од МВР.ZoranBozinovski-640x365

Неофицијално, Божиновски бил префрлен во Истражниот затвор Скопје, во населбата Шуто Оризари, а понатамошната постапка против него е во надлежност и ќе ја спроведува Министерството за правда.

Божиновски вчера беше уапсен во Нови Сад по налог на српското министерство за правда, а врз основа на меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1