Аплаузи во соборниот храм Свтеи Климент Охридски, откако Српскиот Патријарх обзнани дека Соборот едногласно прифати автокефалност за МПЦ ОА.
Видов пред некој ден и сега радост и љубов во очите на сите вас. Гледам обврска и задача за нас архиереите а тоа е дека вашата љубов и молитви во Белград и овде го надминаа искушението и да Бог направи чудо, да разбреме дека сме едно и дека не можеме едни без други. А сега ви носиме уште една вест. Соборот на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ ОА прифаќа и признава автокефален статус, изјави српскиот Патријарх.
– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.
Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.
– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.
Свечената изјава на патријархот Порфириј е на 2:37 од видеото