Брачна двојка во Аеродром со тупаници, клоци и дрвена палка нападнале бремена жена


Полицијата информира дека вчера во 21,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29).

М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка.

Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1