Во војната во Сирија еден спроти друг војуваат двајца браќа, по татко, косовски Албанци, едниот христијанин другиот муслиман, констатира тиранската телевизија Њус 24, пренесувајќи ја животната судбина на Дан Плава (52) од Косово.
Во осудесеттите години од минатиот век тој емигирал во САД, каде се оженил за Американка, со која добиле син, но,како што вели бил принуден да ги напушти. Потоа заминал за Шведска каде се оженил за Косовка со која има пет деца.
– Синот во САД заврши Воздухопловна академија и сега учествува во нападите врз џихадистите, додека синот од вториот брак е џихадист, вели Плава.
Тој ја раслажува својата приказна, за тоа како заминал во САД, како младо момче полно со соништа и надежи. Престојувал во Њујорк, каде се влубил во Американка која била многу убава. Им се родил син на кое му го дале името Ѓон Пали Плава.
– Но, кусо потоа се се смени, таа ме деградираше, почна многу да пие, немав ни јас ни таа можност да го одгледуваме детето па го посвои нејзината тетка. Потоа дојдов во Шведска, каде со втората жена имам пет деца.Првиот е 22-годишен, го пораснав и добро воспитав, но не напушти. Побегна во Сирија да војува за џихадистите, нагласи Плава.
Сега синот кој го оставил во САД војува во Сирија, но со американските сили кои ги бомбардираат џихадистите и како што, вели, станал комадантат на пилотите. Тој преку емисијата „Отворено срце“ упати апел до другиот син:
– Го молам синот кој е роден во Шведска,да се врати дома и да не војува во Сирија, зашто греши. Таа војна е грешка,порачува Плава.