Браќата Џ.Н. (32) и Б.Н. (23) од с.Грушино вчера биле нападнати и прободени со нож кај автобуската постојка во селото од страна на неколку непознати лица.
Од полицијата информираат дека истите биле пренесени во Клинички центар Скопје, каде им се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.