Надојдената Брегалница, проголта над 1хектар оризови полиња и локален пат во кочанското село Прибачево. Поради ерозија на земјиштето променет е текот на реката, која сега се заканува да го поплави и селото. Водата е на околу 300 метри од првите куќи. Мештаните во страв од надлежните бараат механизација, со која ќе се спаси селото од надојдените води
Во попладневните часови најголемата брана во регионот прелеа. Сепак надлежните смируваат, дотокот на вода од Малешевијата во Калиманци полека се намалува. За да се спаси село Прибачево потребна е брза реакција од Центарот за управување со кризи.
Иако Калиманци прелеа, надлежните убедуваат дека засега не постои излевање на река Брегалница во штипскиот регион.