Бранислав Синадиновски не е Албанец? Неговата сестра тврди само е алчен за пари


Бранислав Синадиновски не е православен Албанец, туку обичен измамник. Ова го тврди родената сестра на Синадиновски, Лилјана Синадиновска – Андреевска, докторка специјалист по епидемиологија. Синадиновска во изјава за АЛСАТ М вели дека нема ништо против Албанците, ги почитува како народ, но реагира против злоупотребата на името на семејството за личните политички и финансиски цели на Бранислав Синадиновски. Таа објаснува дека брат ѝ талкал од СДСМ до ВМРО во потрага по позиции, за сега да заврши во ДУИ.

Sinadinovska_14_208454895_737418388

Синадиновска – Андреевска вели дека освен лакомоста за политички позиции, Бранислав Синадиновски се изјаснува како Албанец за да исполни и лични финансиски интереси. Тој се обидува да присвои многу семејни имоти преку судски тужби за членовите на неговото семејство, со помош и политичко влијание врз судиите кои одлучуваат за овие предмети.

Функционерите на ДУИ подолго време го промовираат Бранислав Синадиновски, вклучувајќи го и претседателот Али Ахмети. Дури и промоцијата на неговата последна книга со наслов „Православните Албанци во Македонија“ имаше централно место на манифестацијата на 28 ноември оваа година. Освен оваа книга, Синадиновски се појавува како автор и на книга за Хасан Приштина.

Пред да биде близок со ДУИ, Синадиновски пишуваше книги за основачите на ВМРО, претставувајќи се себеси како еден од основачите. Ова пред неколку дена ја предизвика и реакцијата на ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски, кои велат дека изјавата на Синадиновски како основач на ВМРО е голема измама што досега не беше демантирано од моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1