Три непознати лица вчера во 12. 50 часот го нападнале осуманесетгодишниот С.Б. од селото Љубин и неговата сестра додека се симнувале од автобус на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“.
Министерството за внатрешни работи информира дека во моментот кога заедно со неговата малолетна сестра излегувале од автобус кој сообраќа на релација бр. 32, момчето било нападнато од три непознати лица. Пред него, од автобусот излегле малолетно лице од село Грчец, заедно со уште две лица и физички го нападнале прво со тупаница во главата, а потоа му задале повеќе удари по главата и телото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.