Братот на Барак Обама во Скопје


Меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“ која е регистрирана во РМ и која ја води Осман Ватреш, пред извесно време одлучила својата втора Повелба за мир да ја додели на Фондацијата Барак Обама Хусеин (името е на таткото на американскиот претседател Барак Обама), пишува Дневник.

Malik-ObamaПо тој повод, во Скопје, како што изјавија Ватреш и поранешниот македонски јавен обвинител Ставре Џиков, кој е член на Асоцијацијата, координатор на оваа активност и специјален советник, ќе допатува Малик Обама, брат на првиот човек на САД.

Првата Повелба му е доделна на градот Скопје. Од Асоцијацијата не посочија поради што и е доделена повелбата на Фондацијата „Барак Обама Хусеин“. Одлуката ја донела Комисија од 25 членови, во која според Ватреш има угледни луѓе. Наградата на Малик Обама ќе му биде врачена во четврток во хотелот Александар Палас во 16 часот.

Ставре Џиков изјави дека е почестен поради целиот настан. Братот на Обама најпрво ќе допатува во Македонија, а потоа ќе замине на еден вид мини балканска турнеја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1