Братот на ѕвездата од „Сексот и градот“ пронајден мртов


Братот на ѕвездата од Сексот и градот, Ким Катрал е пронајден мртов неколку часа откако таа јавно објави дека е исчезнат.

-Во голема жалост јас и моето семејство соопштуваме дека нашиот син и брат Крис Катрал неочекувано почина. Во ова време бараме приватност. Сакаме да ви се заблагодариме на сите за неизмерната поддршка и љубов кои ни ги пружавте на социјалните мрежи во овие мигови, напиша познатата актерка на својот Twitter профил.

Претходно, Катрал ги замоли своите обожаватели да и помогнат во потрагата и да ја рашират веста за исчезнувањето на нејзиниот брат, кој бил исчезнат веќе неколку дена.

Таа објави слика од Кристофер на Instagram и замоли доколку некој го види да пријави во полицијата во Блекфалдс во Алберта, Канада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1