На утрешната седница на Владата на Република Македонија ќе биде донесена одлука ДДВ од испратените доанации да се пренамени како нова донација.
Имено, како што посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истите ќе бидат испратени како помош за Србија и БиХ.
Со последните законски измени ваквата пренамена на ДДВ-то е дозволена ако станува збор за цел од јавен интерес.
За ваквиот чекор е потребно да се достави барање до Министерство за правда, а досега тоа не било направено поради кусиот рок во кој се донесе одлука да се започе хуманитарна акција.