Бразил со подарен пенал ја победи Хрватска (ВИДЕО)


Фудбалската репрезентација на Бразил со победа над Хрватска од 3-1 (1-1) го отвори 20-то светско првенство. Најдобриот бразилски играч Нејмар, на премиерата на Мундијалот по 50-ти пат го облече дресот на националниот тим, а јубилејот го зачини со два гола.

nejanmar fudbal brazilПремиерниот натпревар на Мундијалот мина во знакот на скандалозната одлука на јапонскиот судија Нишимура, кој во 69.минута му подари пенал на Бразил. Пеналот, во гол со многу среќа го претвори Нејмар.

Претходно, Хрватите ја шокираа Коринтијанс Арена во 11.минута, кога нафрлувањето на Олиќ, Марсело го спроведе во сосптвената мрежа. Авто-голот на Марсело е прв за Бразил во историјата на светските првенства.

По постигнатиот гол, Хрватска ја покажа определбата да го брани својот гол, препуштајќи им ја играта на Бразилците.

Теренската надмоќ, Бразил во гол ја претвори во 29.минута, Нејмар освои топка на средината од теренот, непречен стигна до зоната за шут, упати удар од 22 метри, кој мина низ нозете на Ловрен и заврши во голот на Плетикоса.

Во продолжение на акцијата Осакр повлече контранапад кој самиот го реализираше и го постави конечниот резултат на натпреварот. Бразил-Хрватска 3-1.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1