Поранешните сопружници, Бред Пит и Џенифер Анистон наскоро би можеле да се скараат затоа што планираат венчавки на истиот датум.
Британските медиуми пишуваат дека Џенифер веројатно ќе се омажи за Џастин Тероу на истиот датум кога и Бред со Анџелина. Ако оваа дата навистина се поклопи, тогаш може да се случи битка на бившите сопружници околу тоа која ѕвезда ќе дојде на нивната венчавка.
Наводно, Џенифер сакала да оди на венчавката на Бред иако ја остави поради Анџелина со која треба да се ожени.
Познатата актерка стравува дека во случај датумот на венчавките да е ист, поголемиот дел од ѕвездите ќе отидат кај Бред, а не кај неа.