Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ ќе ја компонира музиката за филмот „Сулејман Величенствениот“ кој наскоро ќе започне да се снима во Турција, пренесуваат српските медиуми.
Поради големиот успех на турската серија „Величенствениот“, продуцентите одлучиле овој проект да го префрлат и филмското платно, а во реализацијата на оваа идеја ќе им помогне и легендарниот Брега.
– Бреговиќ веќе со години има концерти во Истанбул и доволно и е познат на турската јавност. Музиката која ја компонираше за филмовите „Arziona dream“ на Емир Кустурциа и „Underground“, или за француското остварување „Кралицата Марго“ и денес е препознатлива. Кога продуцентите сето ова го го зедоа предвид, Брега им изгледаше како најдобар избор – открива извор за српски „Информер“.
Екипата на серијата сака филмот да ги освои и фановите од поранешна Југославија, а тоа е уште една од причините зошто Бреговиќ е идеален избор да ја прави музката во филмот.