Фронтменот на бендот „Оркестар за свадба и погреби“ Горан Бреговиќ неодамна купил вила на Босфор, во елитниот дел на Истанбул, кадештo недвижностите се најскапи. Куќите во овој кварт чинат околу милион и пол евра, а Бреговиќ за својата вила платил дури два милиони евра, дознава весникот „Старс“!
Имотот во сопственост на Бреговиќ од едната страна излегува на теснецот којшто ги раздвојува Европа и Азија, а од драгата страна на шума. Вo неа музичарот престојува во текот на летото и кога ги завршува работите во Турција.
Горан Бреговиќ засега не ги коментирал овие наводи.