Бремена пејачка исфрлена од авион бидејќи детето плачело


Канадската музичка ѕвезда Сара Блеквуд, од популарниот бенд „Walk Off the Earth“, која е бремена веќе седум месеци, ја избркале од авион. Таа заедно со нејзиното двегодишно синче – Џорџ, требало да патуваат од Сан Франциско до Ванкувер.
Пејачката тврди дека ја исфрлиле од авион бидејќи детенцето постојано плачело.

„Штотуку ме исфрлија од авионот бидејќи мојот син гласно плачел. Останав мирна, но тоа е дискриминација“, напишала Сара на Твитер.e9f16ba0-054a-11e5-bf80-c7dfed3834d7_SarahBlackwoodSon

Пејачката добила огромна поддршка од корисниците на социјалните мрежи, а подоцна ги информирала дека сепак успеала безбедно да стаса дома.

„Пристигнав во Ванкувер. Патувањето требаше да трае пет часа, но наместо тоа траеше 12 часа. Во седмиот месец сум бремена и ме исфрлија од авионот поради двегодишно дете кое плаче – болно.“

Од авионската компанија објавила соопштение во кое образложиле зошто дошло до инцидентот.

„Иако неколку пати побаравме, детето не беше на своето сдиште, што го бараат федерналните закони за да се осигура безбедноста на патниците, и во неколку наврати беше во преминот помеѓу седиштата пред полетувањето.“

Сепак, патниците не се согласуваат со ова, кои на социјалните мрежи коментирале дека детето веќе спиело кога Сара била замолена да го напушти авионот, а службеничката која тоа и го соопштила се однесувала непрофесионално, неразумно и безчуствително. Патниците биле налутени и бидејќи поради овој инцидент морале да чекаат уште еден час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1