Жената седела во едно кафуле со колега, нарачала кафе и чаша црно вино, ги испила и заминала во околната пекара, па потоа со велосипед се упатила во насока на Белице, велат соседите
Жената која наводно била бремена, загинала вчера кога се фрлила под товарен воз кои сообраќал на релација Чаковец- Коториба.
Како што потврдила полицијата, несреќата се случила во 12.40 минути, 100 метри од преминот Мала Суботица- Белица.
Станува збор за 34 годишна жена која наводно била бремена. Соседите тврдат дека ништо не укажувало на тоа дека би можела да изврши самоубиство.