Психички болна жена со брич нападнала и повредила четири лица во подземната железнива во Париз.
Прво, бремената 28-годишна жена го потчуклана по грбот мажот кој стоел пред неа на перонот, а кога тој се свртел таа му нанела удар со бричот во пределот на вратот. Потоа нападнала уште тројца патници, нанесувајќи им повреди на рацете, лицето и вратот.
Жената, која е алжирска државјанка, била приведена во полиција, а лекарите утврдиле дека таа има сериозни психички проблеми.