Благодарение на брзата интервенција на капачите и тимот спасувачи на градската плажа во Струга, спасена е од давење бремена жена.
Случајот го потврдуваат и од Итната медицинска помош од Здравстениот дом од Струга, чија екипа веднаш стигнала на местото и жената ја транспортирала до Гинеколошкото одделение при Општата болница. Жената е вон животна опасност и е под постојан надѕор на гинеколог.
Станува збор за годишноодморка од Куманово, чиј идентитет и возраст не се наведуваат.
Како и вообичаено влегла во езерските води, но од непознати причини состојбата и се влошила и паднала во вода, па почнала да потонува. За среќа капачите кои биле на плажата веднаш се стрчале да и помогнат, а потоа интервенирале и и дале прва помош и спасувачите на вода. Брзо стигнала и екипа на итната медицинска помош.