Неофицијално, Јелена на овој чин се одлучила бидејќи таткото на нероденото дете не и ја возвратил љубовта. Инаку Јелена зад себе ја остави својата ќерка Дејана од нејзиниот поранешен сопруг.
Според зборовите на мештаните, таа често се расправала со мажот, па поради тоа решила да го напушти и да го остави сам со нивната ќерка.
Јелена отишла да живее во Подгорица и таму ја започнала врската со братот на нејзиниот покоен кум. Меѓутоа, таа врска не била сериозна.
Потоа, се обидела да се врати кај нејзиниот брат но немала поддршка. Отфрлена од сите, Јелена одлучила да се убие скокајќи од Црно езеро.
Во нејзиниот паричник е пронајделно проштално писмо за таткотот на детето кое го носела во стомакот.
– Те сакав и ќе те сакам и таму каде ќе одам. Кога ќе пројдеш покрај мојата Дејана, бакни ја, бидејќи своето чедо нема да можеш. Поради тебе заминувам во смрт, стои во пораката која ја оставила оваа несреќна девојка.