Бремени сте – овие третмани не смеете да ги правите


Третманите како што се инјекции со ботокс, пирс, тетовирање, белеење на забите и спа-третманите кои ја креваат температурата на вашето тело се строго забранети во бременоста. Еве на што друго мора да внимавате.

bremenost2Бојадисување на КОСАТА
На трудниците не им се советува да ја бојат косата во првите 12 недели од бременоста бидејќи тој е најважниот период за развојот на бебето, а хемиските средства од боите за коса можат да имаат штетни дејства.  Бојадисување е најдобро дури после доењето.

ДЕПИЛАЦИЈА
Депилацијата нема да предизвика последици за бременоста, но кожата е почувствителна и депилацијата е поболна. Да се избегнуваат хемиски препарати и кремите за белеење на влакненцата се до по доењето.

МАНИКИР
Избегнувајте какви било видови надградба на нокти бидејќи, дури и самиот мирис на хемикалиите што се користат во таа прилика, можат да предизвикаат мачнина.

МАСАЖА
Избегнувајте антицелулитни масажи во текот на бременоста.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1