Ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, е една од мерките која од утрово стапи во сила по добиените информации од УХМР за квалитетот на воздухот кој последователно повеќе од два дена е надминат над дозволеното, односно над 200mg/m посебно на мерните станици во Лисиче, Ректорат и Тетово каде достигна и до 600mg/m.
МЖСПП овие мерки ги предлага согласно заклучокот на Владата на РМ на 40. седница во кои се предлага реорганизација на работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.
Во мерките се препорачува Министерството за здравство да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици според дијагноза на МКБ10, пол, возраст, место на живеење-општина, за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, сите правни субјекти да го реорганизираат работното време и лицата
Во мерките се наложува Владата да ги задолжи сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила.
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа да обезбеди да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници, да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Државниот инспекторат за животна средина да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола како и да се даде препорака за намалување на капацитетот на производство до 50 проценти со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух