Поп-пејачката Северина Којиќ, која е во третиот месец од бременоста, одбива да ги следи советите на лекарите да не настапува поради ризичната бременост, открива извор близок на пејачката.
-Бременоста на Северина е ризична пред се’ поради нејзините години. Затоа ја советуваат да мирува и да не настапува, што и правеше во првите три месеци, бидејќи имаше големи мачнини. Сега се чувствува подобро и затоа сака да ги одржи настапите закажани за 28 и 29 април воАмерика. Лекарите што ја водат нејзината бременост не се согласуваат, пред се поради должината на летот и климатските и временските разлики. Сепак, и против противењето од страна на лекарите и најблиските, Севе е упорна да патува- открива изворот.