Според српските медиуми, познатата ѕвезда Лепа Брена заедно со својот сопруг и децата отвораат нов семеен бизнис со кој ќе управува Филип.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ како што пишуваат медиумите на Дедиње отвораат нов луксузен ресторан во кој тие вложиле повеќе од 500 илјади евра.
Според нив заштитно лице на ресторанот ќе биде девојката на Филип, Пријовиќ со оглед на тоа дека самата таа е пејачка.
-Брена и Боба сакаат да отворат ресторан веќе некое време во кои ќе се собираат со своите пријатели, Боба пред неколку месеци веќе ја реализираше оваа идеја и работата е веќе завршена, многу наскоро ќе има и свечено отворање, вели еден од изворите.