Брисел на нозе: Празни улици и полиција – планирани терористички напади – подигната тревога


Затворени за посети се музеи, трговски центри, концертни сали и еден од туристичките симболи споменикот “Атомиум”. Во цела Белгија нивото на терористичка закана останува на трет степен. Властите на белгиската престолнина отворија за жителите вонредна телефонска линија за откривање на можни терористички напади и вонредни ситуации. Нивото на безбедност од терористичка закана во Брисел е највисоко.Part-PAR-Par8334936-1-1-0

Белгиските власти тревогата во областа на Брисел ја подигнаа на највисокото ниво, додека за остатокот од земјата на сила е 3-то ниво на приправност од можни напади. Во Брисел не сообраќа подземната железница, а сите масовни манифестации се откажани.

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави  дека подигнувањето на нивото на тревога во белгиската престолнина Брисел на највисоко вино е поврзано со можноста од атентати на повеќе локации, според истиот урнек како оние извршени на 13-ти ноември во француската престолнина Париз во кои беа убиени 130 луѓе, додека вицепремиерот и министер за внатрешни работи Јохан Јамбон, изјави дека во бриселската општина Моленбек треба да биде пребарана секоја куќа за точно да се утврди кој живее таму.

„Недозволиво е да не знаеме кои ни живее на територијата на општината. Има станови во коишто две лица се службено пријавени, а во нив живеат десетина. Мислам дека општинската администрација мора да тропне на секоја врата и да праша кој навистина живее таму“, изјави Јамбон за белгискиот весник на фламански јазик Nieuwsblad.

За вонредна состојба граѓаните можат да се јават на телефонлот 1771, изјави претставник на градската администрација. До полноќ во градскиот регион денес се затворени сите 69 станици на метрото, затворен е и сообраќајот ни некои правци на јавниот транспорт.

Потенцијалните цели би можеле да бидат трговски центри, средства на јавниот транспорт и настани на коишто се собираат повеќе луѓе, додаде премиерот Мишел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1