БРИСЕЛ ПОД ОПСАДА: 3 Белгијци учествувале во нападите во Париз – рација и апсења во Брисел


Тројца жители на бриселскиот кварт Моленбек учествувале во синоќешните напади во Париз, објави белгиската интернет страница „Дерниер јор“.184417993_B977067634Z.1_20151114173236_000_GJK5JSFSN.1-0

Медиумите во Белгија денеска попладне соопштија дека во Моленбек полицијата врши претреси. Во попладневните часови француските медиуми објавија сведоштва, според кои еден од автомобилите на напаѓачите во Париз бил со белгиска регистарска таблица. Според медиумите, во автомобил на напаѓачите биле пронајдени билети за паркарирање од квартот Моленбек.apsenje brisel

Засега официјални извори не даваат информации што се случувало денеска во Моленбек. Телевизијата Ер Те Ел (РТЛ) објави дека две од возилата на напаѓачите биле регистрирани во Белгија, како и дека едно од нив денеска е пронајдено во Брисел.

Се очекува прес-конференција на белгиското Обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1