Повредениот гостин на скопскиот хотел, кој се наоѓа спроти Скопскиот саем, го пронашле вработените како лежи пред влезот на хотелот, на плочникот.
Итна помош била повикана веднаш, но Британецот Томас П.П. починал на пат кон Ургентниот центар, а неговото тело е предадено на обдукција.
Како што неофицијално дознава Курир, собата на Британецот во хотелот била заклучена од внатрешната страна, а до прозорецот имало фотелја.
Се претпоставува дека британскиот државјанин извршил самоубиство, но полицискиот увид и резултатите од обдукцијата треба да откријат што се случило со Томас.
Курир