Британија излезе од ЕУ – шок во Европа


Граѓаните на Велика Британија изгласаа напуштање на Европската унија, а оваа одлука одекна ширум светот.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утрово изјави дека ЕУ била подготвена за Брегзит и за одлуката на британските гласачи да ја напуштат Европската Унија.1bregzit-s-640x855

Во првата изјава на официјален Брисел по референдумот, Туск рече дека по одлуката за излегување на Велика Британија, нема да има никаков правен вакуум и дека ЕУ продолжува да функвинира и натаму, спроведувајќи ги сите свои обврски.

– Ова е навистина една од најтешките години за Унијата во нејзината историја, но ЕУ останува и таа функционира како и обично, рече Туск.

Брисел инсистира дека нема „ниту хистерија, а ниту паника“ околу британското заминување и иднината на Унијата.

Туск одби да ги коментира настаните во Велика Британија, објаснувајќи дека се чека официјалната изјава на британската Влада, освен што најави вонредна средба на лидерите на 27 земји членки за натамошните чекори на Унијата.

Германскиот министер за надоврешни работи Франк-Валтер Штајнамјер во својата реакција на резултатите од референдумот изјави дека „денеска е тажен ден за Европа“.

– Веста од Велика Британија е навистина разочарувачка. Ова е тажен ден за Европа и за Велика Британија, наведе Штајнамјер на Твитер профилот на германското Министерство за надворешни работи.

На својот Твитер профил германскиот вице-канцелар и министер за економија Зигман Габриел напиша: „По ѓаволите. Лош ден за Европа“.

Европската народна партија (ЕПП), кој е најбројна групација во Европарламнетот, оцени дека сега преговорите за британското напуштање на ЕУ треба да завршат брзо во двегодишен период, како што е наведено во Лисабонскиот договор.

Спротивно од проевропските сили, десничарските и радикалните партии низ Европа слават откако Британците изгласаа напуштање на ЕУ.

Францускиот Национален фронт истакнува дека тоа е победна на антиевропските и антимиграциските позиции во Европа и побара организирање референдум и за излез на Франција од ЕУ.

– Слободата на народот секогаш победува! Честитки, Велика Британијо! Сега нам ни е редот!, напиша Флориан Филипот, потпретседателот на Националниот фронт.

Холандскиот антимигрантски десничар Герт Вилдерс исто така побара референдум за излез на Холандија од ЕУ.

– Сакаме промена во нашата земја. Сакаме наши пари, наши граници, наша миграциска политика, истакна Вилдерс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1