Британската амбасада во Македонија ги предупредува британските граѓани дека доколку патуваат во Македонија треба да бидат внимателни поради „основана закана од тероризам“, јави Нова.
Во соопштението кое е издадено на 7 Јули годинава, британската амбасада на својата Веб страницата напишала:
-Повеќето посети во Македонија се непроблематични. Повремените акти на насилство и криминал генерално не се насочени кон странските гости.
Најавени се протести за месецот јули во попладневните часови во центарот на Скопје и другите градови во Македонија (претежно на северозапад). Проверувајте ги локалните медиуми за да избегнете демонстрации и собири.
Особено внимавајте доколку патувате во северните и западните погранични региони (проверете ја секцијата за криминал). Постои основана закана од терориразам. Иако не е веројатно дека ќе има напади, тие би можеле да се случат на места со странски патници, се вели во соопштението на британската амбасада во Скопје.