Британка со мистериозна болест – 15 год стомакот и е како да е бремена (Видео)


Британката Џоан Тартон (33) веќе 15 години страда од мистериозна болест поради што стомакот и е надуен, па изгледа како да е во деветиот месец на бременост. Поради силните и чести болки во стомакот, Џоан не може да работи ниту пак нормално да се дружи со врсниците.

britanka bremena– Откако пред 15 години станав надуена, изгледам како да сум константно во осмиот или деветиот месец од бременост. Секогаш ме боли, прободува  во стомакот и во грбот и има денови кога можам само да лежам, изјави Џоан, мајка на петгодишно момче.

Иако од 18 години страда од мистериозна надуеност, британските доктори неодамна и дадоа надеж дека после иновативна операција би можела да живее како сиот нормален свет. Хируршкиот потфат се состои од вградување револуционерни минијатурни невростимулатори во дебелото црево, за со електрични импулси да се регулира движењето и работата на органите за варење.

– Кога пред три месеци отидов на тестирање, малиот апарат го поставија покрај мене и низ грло ми протнаа некакво црево се до стомакот. Штом се вклучи машината, почуствував големо олеснување и првпат се почуствував како нормална девојка, рече Џоан.

Меѓутоа, само три дена пред да оди на договореното вградување на имплантот, од болницата во градот Хал и порачале дека хирушкиот потфат е одложен за понатаму. Имено, во цела Велика Британија постојат само две медицински установи – една во Лондон, а друга во Единбург – кои имаат дозвола да изведуваат хирушки потфати кои никогаш порано не се работени. Од двете болници и порачаа на Џоан да причека затоа што нивните хирурзи се уште не се подготвени да работат ризични операции со апарат кој не им е познат.

– Чекањето ме доведува до лудило. Подготвена сум да ризикувам само да ме оперираат, заклучи Џоан.

Џоан Тартон преку интернет успеа да пронајде само уште еден случај на мистериозната болест на надуен стомак, од која таа страда.

– Не има само две во целиот свет. Другиот пациент живее во Амрика и обајцата чекаме на операција, рече Џоан.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1