Брод на смртта: Жена заразена со ебола е на брод со илјадници патници!


Неименувана здравствена работничка од Америка се наоѓа заклучена на крузер на Карибите. Таа најверојатно била во контакт со Американецот кој почина од ебола во Тексас, а во текот на патувањето, се појавиле првите знаци на инфекцијата и таа самоиницијативно се затворила во кабина!brod kruzer

Медицинската работничка, најверојатно била во контакт со клиничките примероци од Томас Данкан, кој почина од ебола.

Како што наведуваат од „State Department“, таа заминала на патување на 12-ти октомври, односно пред да и` стигне известување дека нејзината здравствена состојба мора да се следи. Надлежните го испратиле тоа барање, затоа што две медицински сестри од болницата во Тексас, биле позитивни од ебола.

„Таа самоиницијативно се затвори во кабина, а се работи на тоа таа да се врати во САД“, е наведено во соопштението на „State Department”. Компанијата која е сопственичка на луксузниот брод, соопшти дека се свесни за ситуацијата, но нагласија дека постои мала опасност од пренесување на вирусот ебола на крузерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1