Бројот на повредените од ударот на рок фестивалот на отворено во поранешната воена база Мендиг, западно од Кобленц, се искачи на 71, пренесува Associated Press повикувајќи се на локалните власти.
Претходно во саботата властите информираа за 51 настрадан човек, од кои петнаесет биле во сериозно состојба.
Според портпаролот на полицијата во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц, Ларс Брумер, поголемиот дел од повредените од ударот на громот веќе биле пуштени дома.
Организаторите на фестивалот и локалните власти за подоцна во саботата најавија прес-конференција на којшто ќе ги соопштат последните информации во врска со инцидентот.
Како што е прецизирано во саботата бројот на посетителите на фестивалот Rock am Ring, кој годинава се одржува од 3-ти до 5-ти јуни, во петокот ноќта изнесувал 45.000 луѓе кои ги следеле настапите на познати светски групи како Tenacious D, Red Hot Chili Peppers и Black Sabbath.
Минатата 2015 година на истиот фестивал, кој се одржуваше од 5-ти до 7-ми јуни, исто така, во удар од гром беа повредени 33 луѓе.
Организаторите годинава очекуваат дека во трите фестивалски дена Rock am Ring ќе го посетата повеќе од 90.000 гледачи.