Брз воз се судри со автобус, 17 повредени


Брз воз во Швајцарија се судри со автобус при што се повредени најмалку 17 лица, јави во саботата локаната полиција.

До сударот меѓу ткн ICE воз и автобусот дошло на железничкиот премин во Интерлакен, околу 40 километри од главниот град Берн.Image

Сите повредени се пренесени во болниците, меѓутоа досега нема информации за тежината на нивните поведи, објави кантоналната полиција.

Спасувачките тимови и работниците претпладнето го расчистија местото на несреќата.

Швајцарската железница објави дека никој од персоналот на возот ниту од патниците во возот не бил повреден во несреќата којашто се случила во петокот доцна ноќта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1