Брза „Шварцвалд“ торта за која не треба печење


Една од најпопуларните и најбараните е тортата Шварцвалд- авантура во чија изработка не се осмелуваат да се впуштат почетници во кујната. Но, ви нудиме лесен рецепт за кој нема да ви биде потребно ниту печење

60886011-swarcwald-torta-receptсостојки:
– 500 г пишкоти
– 425 г  цреша компот
– ½ чаша цреша џем
– 250 мл ладно кафе
– 900 мл крем за готвење (шлаг пена)
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 5 грама рендано чоколадо

подготовка:

“Во поедноставениот рецепт за Шварцвалд торта бисквитите кои се печат се заменети со бисквити -пишкоти”

1 Извадете ги црешите од тегла и чувајте го сирупот, на кого ќе му го додадете ладното (инстант ) кафе и ќе измешате добро.

2 црешите исецкајте ги на мали парчиња и се мешаат со џемот додека не се добие хомогена смеса.

3 Во шлаг пената , додадете една лажица шеќер и екстракт од ванила и матете додека не се создаде цврст крем.

4 Подгответе послужавник кој ви го собира во фрижидер. Секоја пишкота потопете ја накратко во мешавината на кафе и сирупот од слаткото од цреши, наредете ги бисквититеа во ред во послужавникот или тавчето.

5 Ставете ја смесата на цреши и џем во тенок слој врз пишкотите, а потоа додадете од кремот (шлаг)  повторувајте го истиот редослед на редење додека не ги потрошите бисквитите.

6 Ставете ја тортата во фрижидер 3 часа, а потоа прекријте ја со остатокот од кремот и посипете великодушно со рендано чоколадо .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1