Бугарија ја укина забраната за влез и карантин за одредени категории


Забраната за влез во Бугарија денеска е укината за одредени граѓани на државите членки на ЕУ и на Шенген зоната, меѓу кои се и Сан Марино, Андора, Монако и Ватикан, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Забраната е укината за следниве категории на луѓе: медицински експерти, медицински истражувачи, персонал за испорака на лекови,персонал кој се занимава со меѓународен превоз на патници и стоки, странски функционери, лица кои патуваат во хуманитарни цели, претставници на трговски, економски и инвестициски компании, сезонски земјоделски работници, угостителски работници и пограничен персонал, јави БТА.

Четиринаесетдневниот карантин за влез во Бугарија е укинат за неколку категории државјани на Бугарија и земјите од ЕУ, вклучително и луѓе кои патуваат во хуманитарни цели и претставници на трговски, економски и инвестициски компании.

Карантинот по влегувањето во Бугарија е укинат и за членовите на семејствата на бугарските граѓани и за лицата кои се во заедница со граѓани на Бугарија, за престој во Бугарија до седум дена.

Сите други лица кои влегуваат во Бугарија подлежат на 14-дневен карантин во нивниот дом или сместувањето, кое лицето го навело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1