Бугарија од среда ги затвора границите за македонските државјани.
Причина за ваквата одлука на соседот се високите бројки на новозаразени од почетокот на јануари.
Македонија влегува во црвената зоана на држави. Влез ќе им биде дозволен само за македонските државјани кои имаат бугарски пасош или престој во Бугарија.
Одлуката ќе трае до 31 март. Но одлуката ќе се ревидира на секои 14 дена во зависност од дневно заразените. Според извештајот на Институтот за јавно здравје од почeтокот на јануари 2022 година за само 16 дена бројот на активни случаи се зголемил за 11 илјади нови случаи. Ако на 31 декември 2021 година бројот на активни случаи беше пет илјади случаи.
Во документот потпишан од бугарската министерка за здравство Асена Сербезова, е наведено дека границата ќе можат да ја преминуваат учениците, студентите од Македонија, но ќе бидат задолжени да приложат документ/уверение дека студираат во Бугарија.
Исто така, се наведува во документот, рампата на граничниот премин ќе биде крената и за возачите на камиони кои вршат професионален транспорт.