Бугарин сакал да шверцуваат историски предмети од Македонија – фатен на дело


Царинските службеници од граничниот премин Ново Село спречија обид за нелегално изнесување на предмети од историска и културна важност за државата, притоа запленувајќи пет метални монети и еден метален крст.

Утрото на 07.06.2013 година во 03:45 часот за излез во Република Македонија на граничниот премин Ново Село пристигнал минибус со бугарски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Струмица – Софија, управуван од бугарски државјанин.

antikviteti

При детална контрола на багажот на патниците и возилото, во каналот за вентилација, царинскиот службеник пронашол мала кутија завиткана во бела хартија, на која со пенкало било запшишано: 1000 евра. Во неа,  во црвена кутија се пронајдени пет метални монети и еден метален крст.

Поради основано сомневање дека се работи за стока од историска и културна вредност, предметите се предадени на експертска анализа од страна на Завод за заштита на спомениците и Музеј – Струмица, додека крстот е од средниот век. Според првичната анализа станува збор за: една римска бронзена монета  (од III век од Виминациум), две бронзени монети  (I век Севастос Македон), една бронзена монета  ( III-II век пред нашата ера Тесалоника), една бронзена монета на Персеј  (II век пред нашата ера) и еден бронзен крст приверзок  (X – XI век од нашата ера).

Крстот е од особена важност бидејќи се смета дека тој е дел од колекција од четири такви исти крстови кои потекнуваат од ископините кај црквата Св. Петнаесет Тиверолски Маченици. На овој локалитет се пронајдени другите три, а овој е четвртиот крст со што се затвара колекција од рано-христијанскиот период.

Антиквитетите се одземени, а против прекршителот, Царинската управа поднесе кривична пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1