Јане Петков, 59-годишен жител на бугарскиот град Сандански, познат во својата земја како човек-амфибија поради пливањето врзан во вреќа, ќе се обиде да направи нов потфат во водите не Охридско Езеро. Тој во вторник ќе се обиде да исплива повеќе од три километри целосно врзан во вреќа.
Тој користи посебна техника на дишење и концентрација за да ја оствари својата цел. Петков, инаку е следбеник на познатиот бугарски верски учител и филозоф Петар Данов.
Сличен потфат тој оствари во август 2011 година, пливајќи врзан, во вреќа, во водите на вештачкото езеро Крџали во Бугарија.