Бугарка се удави на Халкидики при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање


Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот на Халкидики, во својот обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, немилиот настан се случил близу Порто Карас. Жената се удавила додека нуркала заедно со нејзиниот 47-годишен сопруг, кој е префрлен со хеликоптер во болница во Солун.

По онесвестувањето, жртвата потонала на 60 метри длабочина.

Балабанова и нејзиниот сопруг имале пливачка школа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1