Националното собрание во Бугарија едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми.
На прво гласање, законот беше усвоен едногласно од страна на 182-ца пратеници, а на второ беше поддржан од сите 186 пратеници.
Во понеделникот, со 61 глас македонскиот парламент го ратификуваше договорот.
Овој договор беше потпишан на 1 август минатата година, од страна на премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.