Силно невреме и јужен ветар кој на моменти достигна брзина од околу 100 километри на час го зафати Охрид.
Високите бранови го преплавија кејот и предизвикаа поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, односно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото.
Од силината на ветерот скршен е дрвениот мост на желбите кај Потпеш ,искорнати se дрвја,паднати лимови и делови од покриви на некои постари куќи а во Пештани пак скршено дрво предизвика застој на патниот правец Охрид –Свети Наум и прекин во електроснабдувањето.