09/05/2018 17:41
•
Posted by: MK News
Денеска се навршуваат три година од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:40
•
Posted by: MK News
На денешен ден, бележиме три години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Во Диво Насеље во Куманово, изгубивме осум човечки животи, осуммина припадници на полицијата. Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори! Припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:35
•
Posted by: MK News
Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на телевизија Телма се декларираше како патриот кој ја сака Македонија. -Господинот Ахмети и јас лично велам, еве пред цела македонска јавност: Македонија е моја татковина, Македонија е моја држава. Погледнете ги стенограмите од сите мои средби во Америка, во Брисел, објавете ги. Јас сметам дека сум патриот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:33
•
Posted by: MK News
Реакција за двајцата советници на премиерот Заев, Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски пристигна и од амбасадата на САД во Скопје. Оттаму, за ТВ21 потврдуваат дека изразиле загриженост поради новоименуваните функционери кои се наоѓаат на црната листа на САД. Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во Америка поради националната […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:31
•
Posted by: MK News
Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:30
•
Posted by: MK News
Имаме разговарано со компанијата „Aegean airlines“, знаеме дека е планирано да се направи ова поврзување и во текот на 2018 година секако ќе започне, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во однос на новата авиолинија Атина – Скопје најавена за оваа година. – Постојат разговори во „Aegean“ за активирање на оваа авиолинија. Ние […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2018 17:24
•
Posted by: MK News
Нема ништо спорно што раководител во Кривичниот суд во Скопје истовремено е и советник во кабинетот на премиерот. Заев вели дека Горан Стаменковски немал одлучувачка улога во Судот и дека има намера да си замине од оваа институција.Горан Стаменковски раководи со кадровската служба во судот и е еден од 56темина советници ангажирани во кабинетот на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2018 14:04
•
Posted by: MK News
Денес ќе соопштам нов скандал од кој се гледа како премиерот, тогаш градоначалник на Струмица Зоран Заев користејќи ја својата функција, отуѓува, поточно продава државно земјиште, каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев, чија компанија денес таму гради згради со цел енормно зголемување на личното богатство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2018 12:26
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје слично време […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2018 12:21
•
Posted by: MK News
По ова последно советничко унапредување на бившиот командант Џезаир Шаќири, попознат како командант Хоџа, дилемата е како интелектуалната јавност гледа на овие наградувања по разни основи на луѓе кои се несоодветни за позициите што ги добиваат. Во разговор за „Независен весник“ новинарот и политиколог Џенур Исени, иако не верува дека, особено Џезаир Шаќири и Љубе […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2018 12:19
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук најави нова прес конференција во која како што рече, ќе презентирал нов скандал за власта. „Вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали, криминал и неработа. Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина додека сите останати го живеат тешкото секојдневие. Денес ќе објавам нов […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 22:05
•
Posted by: MK News
Секој ден изминат со криминалниот картел во владата е нова трагедија за Македонија. Зоран Заев ја посрамоти државата и македонскиот народ. По два дена криење, Зоран Заев призна дека како надворешен соработник за безбедност и борбата против радикализмот си ангажирал човек од црната листа на САД оставен таму токму заради неговото терористичко делување и ризикот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 22:02
•
Posted by: MK News
Вчера се одржа 14- ти по ред Виз – ер Скопски Маратон, на кој имаше рекорден број учесници, и победници, но сите се согласија дека еден човек беше апсолутен победник и го одбележа денот. На социјалните мрежи се појави фотогрфија која ја воодушеви македонската јавност од маж кој носи момче со Даунов синдром во рацете, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 21:58
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео-обраќање рече дека лична работа на Заев е желбата да сака да му помогне и да се грижи за семејството на Џезаир Шаќири. – Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 19:47
•
Posted by: MK News
Поранешната пратеничка на ДУИ Нора Алити ќе раководи со Комисијата за хартии од вредност. Алити која е ќерка на поранешниот лидер на ПДП Абдурахман Алити и екс амбасадор во Бугарија, доаѓа на оваа позиција по предлог на Владата. За заменик на Алити во комисијата со потпис од премиерот пак е предложена Лиле Делиџакова, која е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 19:46
•
Posted by: MK News
Џезаир Шакири е еден од граѓаните кои во тоа време се приклучија на опозицијата, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, во врска со информациите дека т.н. командант Хоџа, кој учествуваше во конфликтот од 2001 година, е назначен за советник на премиерот за внатрешни безбедност и радикализам. Во изјава за медиумите, Заев рече дека доколку се појават […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 19:44
•
Posted by: MK News
12 лица ќе одговараат за смртта на малата Тамара од Велес. Основното јавно обвинителство покрена обвинение за несовесно работење во службата против петте члена на првостепената и второстепената комисија, против двајцата тогашни директори на ФЗОМ и претседателот на УО на ФЗОМ. Во соопштението од обвинителството се наведува дека во текот на истрагата од повеќе болници […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2018 10:13
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месеци, потврдија од кабинетот на премиерот. Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го […]
______________________________________________________________________________________________________