01/11/2026 22:31
•
Posted by: MK News
Победник на предвремените локални избори во Брвеница е кандидатот на ДУИ, Архин Јахији, објави генералниот секретаро на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки иако Државната изборна комисија сѐ уште ги нема пребројано сите 24 избирачки места. Во изјава пред штабот на неговата партија во Брвеница, оцени дека победата на Јахии е резултат на гласови од дијаспората. Според него, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2026 19:33
•
Posted by: MK News
Народна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер. Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2026 17:04
•
Posted by: MK News
До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани, односно 40,49 отсто од гласачите. Како што соопшти Државната изборна комисија(ДИК), најголема излезност има во избирачкото место 2044, со 72,12 отсто. Најмала излезност се забележува во 2036 со 19,25 отсто. Во споредба со првиот круг на изборите, излезноста е зголемена за 9,32 отсто. Жителите на Брвеница […]
______________________________________________________________________________________________________
01/11/2026 16:30
•
Posted by: MK News
Гувернерот на Народната Банка најави прес-конференција за денеска во 17:00 часот. Темата ќе бидат актуелните случувања со банкарскиот сектор и супервизорските активности на Народната Банка. Ова доаѓа откако вчера Народната Банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка. Тоа предизвика реакција и кај македонските граѓани, па вчера во Битола беше забележана […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2026 11:44
•
Posted by: MK News
АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење, се вели во објавата на оваа банка по информацијата дека во Србија и е одземена дозволата. ,, Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2026 11:30
•
Posted by: MK News
Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ Белград отвора прашања за иднината на нејзината македонска банка, АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во која белградската банка е доминантен сопственик. Иако двете банки се одделни правни лица и се под надзор на различни централни банки, случувањата во Србија ја отвораат дилемата за финансиската […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2026 11:00
•
Posted by: MK News
Лицата ангажирани со привремени договори во дел од јавниот сектор би добиле вработување на неопределено време во две фази, најдоцна до 31 декември 2027 година. Ова го предвидува Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, поднесен од група пратеници по скратена постапка. Трансформацијата ќе зависи од исполнувањето на условите за работното место и согласноста на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2026 13:17
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска соопшти дека е договорена директна авионска линија меѓу Тиват и Скопје, која ќе почне да функционира од 1 мај. „Истата ќе оперира, за почеток, двапати неделно. Ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на, не само бројот на патници и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2026 12:20
•
Posted by: MK News
Нов закон за квалитетот на амбиенталниот воздух, седум нови подзаконски акти и национални планови за наредната деценија се дел од решенијата подготвени во рамките на двегодишен проект финансиран со 1,5 милион евра од Европската Унија. Целта е подобро следење на загадувањето и поефикасно спроведување на мерките за заштита на воздухот. Министерот за животна средина и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2026 11:18
•
Posted by: MK News
Меѓу апсените во акција на МВР, со која е опфатена приватната болница „Санте Плус” и вработени од ФЗО, е и сопственикот на болницата Билал Кара, за кого Албанија лани распиша потерница. Претседателот на Управниот одбор на Европската очна болница Билал Кара е под истрага за перење пари, а судија на претходна постапка при скопскиот Кривичен […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2026 18:13
•
Posted by: MK News
Од утринава се вршат претреси на десетина локации, поради нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР. Во рамките на истрага за сомнителни финансиски трансакции и можни злоупотреби поврзани со приватна болница и Фондот за здравствено осигурување. Штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2026 10:09
•
Posted by: MK News
Од утринава се вршат претреси на десетина локации, поради нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР. Во рамките на истрага за сомнителни финансиски трансакции и можни злоупотреби поврзани со приватна болница и Фондот за здравствено осигурување. Според првичните неофицијални информации, со акцијата опфатени се одговорни лица од приватна […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2026 08:18
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Македонија ќе можат да користат бесплатен дигитален паричник преку мобилната апликација „м.Услуги“, која ќе овозможи полесен пристап до електронски документи и државни услуги, без непотребно одење на шалтер. Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Од четврток, граѓаните ќе можат да го користат електронскиот паричник на своите мобилни телефони, преку кој […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2026 08:15
•
Posted by: MK News
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по една година мандат денеска даде отчет за сработеното. На прес-конференција се осврна на реализраните проекти, но и на она што следува во наредниот период. Според Ѓорѓиевски, привршува јавната набавка за изградба на две монтажни катни гаражи со повеќе од 500 паркинг места на Клиничкиот центар, а Скопје е на чекор […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2026 22:11
•
Posted by: MK News
Во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција. Според соседите жената три години живеела сама, а последен пат ја виделе вчера. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено. ,, На(27.10.2026) во 09:18 часот во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2026 09:37
•
Posted by: MK News
Надзорни камери на повеќе од 200 локации низ Скопје треба да помогнат во спречувањето на создавањето диви депонии и уништувањето на јавната урбана опрема. Градот ја чека конечната согласност од Агенцијата за заштита на личните податоци, по што треба да започне поставувањето на камерите на критичните точки. Ова го најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2026 08:33
•
Posted by: MK News
Ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Промената ќе се случи во недела во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе се вратат на 2 часот. Со тоа завршува периодот на летно сметање на времето, а зимскиот режим […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2026 18:04
•
Posted by: MK News
Штета од речиси 11 милиони денари по основ на казнена камата ѝ била нанесена на АД „Пошта на Северна Македонија“, поради непостапување по одлуки за исплата на долгови кон две правни лица. За случајот, Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот генерален директор на државната пошта, Ј.М., поради сомнение за злоупотреба на службената […]
______________________________________________________________________________________________________