27/04/2017 22:45
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните кои се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија да не даваат отпор на полицијата. МВР преку соопштение исто така повика граѓаните да не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при преземање мерки за евакуација и укажување медицинска помош на, како што наведуваат, тешко повредени пратеници, полициски службеници […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:43
•
Posted by: MK News
Ве повикувам да бидете смирени, да бидете присебни и да не подлекнувате на лажни провокации, пов икувам на смирување на тензиите и не насилство, повикувам на разумно и одговорно однесување, повикувам на одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат уставот и законите на Република Македонија, вели Ѓорге Иванов претседателот на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:32
•
Posted by: MK News
Осуда за нападите врз пратениците, но и поздрав за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието е реакцијата која вечерва стигна од Европската унија по случувањата во Собранието. Високата претставничка за надворшена политика и безбендост на Унијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Ханот во заедничко соопштение го осудија насилството во Собранието. „Чинот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:26
•
Posted by: MK News
Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10-тина полициски службеници се здобиле со повреди при што беа префрлени на скопските клиники. Во Оперативниот Штаб 20:08 часот – Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, издаде […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:18
•
Posted by: MK News
Во овие моменти полицијата со фрлање на неколку димни бомби се обидува да ослободи еден од влезовите во Собранието. поради димните бомби народот се повлекува наназад. Се претпоставува дека се прави обид да се создаде простор за брзата помош да може безбедно да ги превземе повредените од собранието..
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:12
•
Posted by: MK News
Лекари од Брзата помош конечно успеаја да влезат во Собранието и им даваат помош на повредените пратеници.Лекарската екипа е во канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ каде што пратениците Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев им помагаат на повредените колеги.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 22:01
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија. Деталите од МВР ви ги пренесуваме интегрално во продолжение. Денеска (27.04.2017) околу 18,50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на јавниот ред […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:52
•
Posted by: MK News
Пратеникот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва е повреден кога поголема група демонстранти влегоа во Собранието. Пратениците на СДСМ беа нападнати од демонстрантите, а при тоа со повреди се здобиле Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Хари Локвенец и Максим Димитриевски како и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, јавија дел од медиумите.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:42
•
Posted by: MK News
Пред Собранието состојбата моментно е мирна, а внатре се уште има група граѓани поддржувачи на „За заедничка Македонија“. Граѓаните пред собраниската зграда се распоредени по страничните и задниот влез. Видливо е присуство на полициски и амбулантни возила. Од отворените врати од главниот влез може да се забележат развиорени македонски знамиња. Тензичните случувањата во Собранието почнаа […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:38
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во 22:00 часот ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија. Обраќањето на претседателот следи по драматичните случувања во македонското Собрание
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:27
•
Posted by: MK News
Со шок бомби се растерува толпата народ во Собрание Во македонското Собрание се слушнале детонации. Според неофицијалните податови на ТВ Нова, се работи за шок бомби кои се користат за растерување на толпата. според информациите во овие моменти полиција со полна опрема влегла во собранието.. Попладнево состојбата ескалираше по обидот за државен удар
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:23
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пратениците Радмила Шекеринска и неколку други од СДСМ, пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села се повредени вечерва во Собранието. Народот влезе во Собранието за време на пресконференција на Заев и пратеникот од ДУИ Талат Џафери кого претходно парламентарното мнозинство го избра за претседател на Собранието.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:17
•
Posted by: MK News
Пратеникот Зијадин Села од Алијансата на Албанците не се наоѓа во болница и не е во критична состојба, како што се пишуваше во дел од медиумите. Тој беше повреден во немирите во Собранието попладнево, односно раскрварен, но не е тешко повреден. Според информациите не бил ниту хоспитализиран во ниту една од клиниките.. Повеќе детали се […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:15
•
Posted by: MK News
Повредените во македонското Собрание во моментов ги изнесуваат од законодавниот дом. Повредените се пренесуваат во Градската Болница. Од скопските клиники известиле дека три возила на брза помош биле пред Собранието, но помош им дале медицинските лица внатре. Поради ограничениот пристап на новинарите нема прецизни информации сепак за состојбата на повредените. Ситуацијата попладнево ескалираше по обидот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:05
•
Posted by: MK News
Седум лица со повреди на главата и едно со повреда на колено се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница), изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска. Таа рече дека од осуммината примени на Клиниката само едно лице кое имало потрес на мозокот е хоспитализирано, но […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 21:02
•
Posted by: MK News
Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог, порача амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, осудувајќи ги насилството и инцидентите во Собранието на Република Македонија, по изборот на Талат Џафери за нов спикер на законодавниот дом. – Слушнавме вознемирувачки вести за настаните во Собранието, кои резултираа со насилство и со инциденти. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 20:56
•
Posted by: MK News
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ ги штити повредените колеги од СДСМ Зоран Заев и Петре Шилегов од линч, јавуваат новинарите кои исто како и пратениците се заробени во една канцеларија и апелираат за помош од полицијата. -Насекаде има крв и искршени мебел, јавуваат новинарите. На некои од нив им ги зеле мобилните телефони и им забраниле да […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2017 20:53
•
Posted by: MK News
Упадот на демонстрантите во Собранието донесе повредени пратеници. Неофицијално, повредени се Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Зијадин Села. Состојбата е тензична, особено во Прес центарот. Повредениот на фотографијата е Зијадин Села, кој не е во тешка состојба како што пишуваа некои медиуми.
______________________________________________________________________________________________________